Имако Вино

 Имако Вино Штип

Винарската визба „Имако Вино„ е основана во 2002 година како современ винарски капацитет за потребите на Интернеционалната Македонска Компанија-ИМАКО со цел постигнување на одржлива конкурентност  на извозните пазари.

Лоцирана во живописен предел во близина на градот Штип, винаријата располага со капацитет на 10.000.000 вино и е опремена со најсовремената и најмодерната опрема во винарството.Ние свативме дека модерните технологии ги користат предностите на новите технолошки методи и искуството од старите традиции.Ова овозможува спојување на иновацијата и традицијата во винарството за да се произведат вина со одличен квалитет постојаност и добра вредност на поголемите потрошувачки пазари.Затоа континуирано инвестираме во нови технологии како и во стручна експертиза.

  ИМАКО ВИНО располага со 650хектари вкупна површина  на лозови насади.Постојаната грижа за лозјата и континуираното следење на лозарските техники ни овозможува секоја капка од нашите вина да биде вкусна како и последната.Покрај квалитетни и врвни вина винаријата произведува уникатни десертни вина за софистицираните гурмански вкусови.ИМАКО ВИНО  ги извезува своите производи воРуската Федерација,Украина,Германија,Холандија,и земјите од поранешната Југословенска Република

 Ул „ Генерал Михајло Апостолски„ бр.34/5
 Тел. 389 32 308 703
                    308 308
Фах.389 32 308 702
 www.imakovino.com.mk
mail.contact@imakovino .com.mk