Штип

Општина Штип

Градоначалник д-р Зоран Алексов

ул. Васил Главинов бб

++389 (0) 32 22 66 00

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.stip.gov.mk

 

Штип е град во кој историјата оставила бројни траги. Името Астибо за прв пат го споменува античкиот хроничар Полиенво (3 век пред н.е). Тој пиШувал дека во реката Астибо (денеШна Брегалница) е изведувано ритуално капење на пеонските кралеви. Во средниот век населбата го добива името штип. Средновековниот град штип никнал врз урнатините на античкиот град Астибо и рановизантискиот Стипеон, а средновековната историја започнува со населувањето на Словените. Градот се спомнува во 1620 год. како епископско средиШте. штип до крајот на ЏВИИИ век почнал подинамично да се развива.
 
Штип во 1919
 
 
Во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во срцето на Источна Македонија се наоЃа ОпШтина штип. Лежи на надморска височина од 300 метри. Распослан е на поврШина од 810 м/2 на која според последниот попис живеат 47.796 жители. 

 
На само неколку километри од штип се наоЃа спортскиот аеродром СуШево. Во близина на штип се наоЃа планината Плачковица. Тоа е идеално место за развој на планински туризам. Плачковица го има највисокиот врв Лицес (1754 метри), кој е предизвик за многу планинари.
 
Во штип течат две реки. Поголемата е Брегалница (должина 43 километри) Што на пат до вливот во реката Вардар поминува низ штип. Помалата, пак, го дели градот на два дела, а се вика.
 
 
Кориот на отиња со Исарот                               Брегалница со Ново Село од Исарот
 
Тврдината Исар е посебен белег за градот. Тоа е возвиШение на 150 метри над нивото од река Брегалница. Во 2009 год. истражувачите открија 30 метри од тунелот Што води од реката до врвот на Исарот.
 
Културното богатство на штип е огромно. Во градот и во блиската околина се регистирани над 300 цркви. Гордост на градот е црквата Свети Никола, која е седиШте на Брегалничката Епархија. Изградена е на местото на старата Сифиева црква посветена на Св. Никола (1341 год. Во неа е сместена и галерија на икони која е формирана во 1990 год. Според староста, посебно се истакнува црквата Свети Јован Крстител Што датира од 1350-тата година.
 
                                               
 
Црква Свети Никола
 
По патот Што води кон тврдината на источната страна на ридот, се стигнува до црквата Св. Архангел Михаил Што е средновековна црквичка, подигната во првата половина на ЏИВ век.
 
Црква Св.Архангел Михаил
 
штипската Саат-кула е споменик на културата од 17 век и е под заШтита на државата. штипјани ја знаат како Саат-кула, а таа е, всуШност, Бегова кула. Кулата била изградена од турски бег, кој живеел во штип, но неговото име не останало запиШано.
 
Во центарот на штип се наоЃа објект Што по својата архитектура потсетува на средновековен исламски пазар. Се вика Безистен. Се претпоставува дека датира од времето помеЃу 16 и 17 век. Бил користен како пазарен центар за размена и продажба на разни стоки. Денес објектот се користи за културни перформанси.
Во близина на штип се наоЃа и античкиот град Баргала кој и понатаму е главен извор на материјал од антички период.
 
Во археолоШкиот комплекс Аневи-Гочеви каде се наоЃа Заводот и Музеј се поставени над 1200 археолоШки експонати почнувајЌи од неолитот (седмиот милениум пред наШата ера) па се до 18 век. Во комплексот може да се види и неодамнеШното откритие, најстариот скелет на човек во ЈИЕ, т.н Славе Македонски.
 
 
 
Завод и Музеј штип
 
 
Составен дел на штип е и Ново Село Што се наоЃа на патниот правец кон РадовиШ, во клисурата на река Брегалница, зад градскиот Исар. Станува збор за историско место, познато по престојот на македонскиот револуционер, Гоце Делчев, кој бил учител во училиШтето во Ново Село. Тоа училиШте минатата година е реконструирано и стана седиШте на Ректоратот на Штипскиот Универзитет Гоце Делчев.
 
Со отворањето на Универзитетот Гоце Делчев - штип, огромен број млади луЃе од градот, регионот и од цела држава имаат можност да се стекнат со универзитетско образование. УГД располага со 13 факултети и една висока Школа а за само 3 години, успеа да привлече 9800 студенти
 
штип е познат и по бројни културни настани. ПовеЌе од две децении се одржува штипско културно лето каде уметниците се претставуваат со книги, фотографии, уметнички слики, концерти и друго.штип е познат и по Фестивалот на музика ,,Макфест" Што во 2010 година Ќе го одбележи својот 25-годиШен јубилеј. Од 2009-та година се одржува во организација на ОпШтина штип.
 
Македонската архитектура од традиционален карактер се гледа преку градбите во штип. Историско-легендарното Ново Село ги чува троШните, но вредни куЌи Што денес имаат музејска вредност.
 
 
Стара македонска архитектура во Штипско Ново Село
 
На излезот од Ново Село-штип,на десниот брег на реката Брегалница се наоЃаат појавите на термоминералните води Кежовица и Л’џи . Денес на ова место постои нова уредена бања со базени, како и центар за рехабилитација. Хемиската анализа потврдува дека температурата на водата е константно 58 степени целзиусови, а истата изобилува со мноШтво на минерали Што поволно влијаат врз човековото здравје.  Во склоп на бањата Кежовица спаЃа и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, кое располага со сопствен капацитет на легла.
 
штип е познат како индустриски регион. Основен белег на стопанството во штип е текстилната индустрија со над 70 модни конфекции.Заради ветрот, Шпански,словенечки и канадски фирми пројавија интерес за конструкција на поле од ветерници за производство на енергија.
 
Во штип постојат фабрики за кондиториски производи(Мултикрем, Европа и Макпромет), за масло за јадење (Брилијант) а од аспект на прехрамбените производи, на врвот се наоЃа познатата Штипска пастрмајлија. Таа е своевиден градски бренд. ОпШтина штип се јавува како организатор и на традиционалната манифестација Пастрмајлијада Што се одржува секоја година на 8-ми Ноември, денот на ослободувањето на штип.
 

Штипска пастрамајлија на манифестацијата Пастрамајлијада
 
Постојат и капацитети за производство на вино (Езимит, Имако и Винарија Аневски), мебел (Елан Трејд, Мебел Инженеринг, Бреза, Радодизајн) како и субјекти од метало-преработувачката индустрија (Метална, Биротехника, Еко солар).Од чевларската индустрија позната е фабриката за обувки АД Баргала како и капацитетите на Ева Мар Ева и Оливети.
Од градежниШтвото, познати се фирмите Бетон, Пелагонија, Слимко и Актива.Од хотелско-угостителските комплекси се издвојуваатХотел Оаза (во строгиот центар на градот), Изгрев (лоциран на влезот во штип), Гарни и мотел Ваго.