Стара куќа


Изградена во далечната 1836 година, ова е најстарата градска куќа во Македонија која сеуште е во функција, куќа која претставува национално богатство кое сведочи за историјата на македонската куќа и нејзината автентичност, куќа-музеј заштитена од "Заводот за национално богатство".

Изградена од дрво и од камен, со оригинални резбани тавани, оваа куќа била дом на 6 поколенија на фамилијата Јовановиќ, а денес претставува прекрасен национален ресторан со извонреден, топол и пред се, традиционален
старо-македонски амбиент.

 


Додека се воодушевувате од убавината на амбиентот збогатен со хортикултурата во дворот и звуците на фонтаната,
Вашата душа ќе ја галат нежните звуци на националните музички инструменти кавалот и гајдата, придружувани со виолината, гитарата и хармониката.

Нашата лична карта и препознатлив белег е пред се националната храна, исклучително здрава храна подготвена
на традиционален начин во фурна на дрва, како и во најсовремена кујна опремена по HACCP систем.

Подготвуваме најразлични коктели и шведски маси, организираме прослави и забави, како и менија за групи.



Само ако не посетите, ќе можете да се уверите.
Повелете, Ве очекуваме.
 Информации и резервации:
ул.„Пајко Маало„ бр.14 1000 Скопје
  тел: 389 23 131 376
  фах:389 23 119 668
  моб:389 71 263 181
e.mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.starakuka.com

 





View Restoran Marger in a larger map