Кратки препораки за трајни сеќавања...


Овој регион е простор на три важни сообраќајници кои се поврзуваат со Грција и Бугарија. Ако сте во Струмица, разгледајте го градот со сите културно-историски вредности. Задолжително посетете ги манастирите во Водоча и Вељуса во непосредна близина на Струмица. Одвојте време за посета на бањата Банско и Смоларските и Колешинските Водопади.

Повеќе денови се потребни за посета на Дојран и брегот на Дојранското Езеро, каде се присутни голем број туристичко-угостителски објекти за престој во локалитетите покрај езерото.

Во овој регион се наоѓа и градот Гевгелија со неодминливите Негорски Бањи. Над Гевгелија се издига планината Кожуф со највисокиот врв Зелен Брег. Планина со богата шумска вегетација, пространи пасишта, штотуку изграден зимски спортски центар, со повеќе попатни локалитети: Хума, Конско, Смрдлива вода и други.