Кратки препораки за трајни сеќавања...


Ако се наоѓате во Тиквеш, имате повеќе места и релации за посета. Овде е античкиот археолошки локалитет Стоби, а градот Кавадарци и Неготино кои имаат посебни одлики за посетителите. Од Кавадарци се оди во посета на планината Кожуф и локалитетот Алшар познат по ретките минерали на талиум. Посебно се значајни локалитетите за излет и рекреација во Конопиште и секако Тиквешкото Езеро каде има можности за лов и риболов. Посебна атракција е Демиркаписката Клисура и населбата Демир Капија каде се наоѓаат познати објекти и винарии.

Велес е една од дестинациите кои треба да ги посетите. Тоа е градот на гемиџиите, грнчарството, споменици од културата, старата архитектура, градот со повеќе манастири во непосредна близина.

Посебна атракција е просторот околу долините на реките Бабуна и Тополка, од каде се стигнува до врвовите на Мокра Планина со Солунска Глава (2540 м).