Кратки препораки за трајни сеќавања...



Еден ден вреди да се посвети за разгледување на градот Кичево. Искачете се на Кичевското Кале, потоа прошетајте до локалитетот Крушино и таму убаво одморете се.

Другиот ден неизоставно посетете го манастирот Св. Богородица Пречиста и изворот на реката Треска во селото Извор, а покрај патот посетете и некој од туристичко-угостителските објекти.

Ако тргнете кон Македонски Брод, продолжете да ја посетите пештерата Пешна, Девините Кули, манастирот во селото Долно Манстирец, изворите на Беличка Река кај селото Белица и на крај дојдете и останете во Самоков. Тука имате хотел, црква, училиште, култура и етнокултура.