Меѓународната ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ се одржува од 1987 година, работи под патронат на манастирот и е помогната од Министерството за култура. За дваесет години успеа да собере над двесте познати имиња од светот на уметноста од сите континенти, при што се создадени над петстотини ликовни дела.
 


 

Колонијата традиционално се одржува во конаците на манастирот. Секој поканет учесник должен е да остави две дела за збирката на колонијата. Делата од колонијата традиционално се изложуваат секоја година.

Ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“ >>