Секоја година кон крајот на летото и почетокот на есента, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово се одржуваат фестивалските изданија на Летниот кумановски џез фестивал, кои го посетуваат многу луѓе од Куманово, од Скопје и од другите градови.

     

На тридневниот фестивал учествуваат познати џез-музичари од Македонија и странство, се одржуваат разни промоции на носачи на звук, се следи џез-музика од сите правци. Кумановскиот џез-фестивал не отстапува од традицијата на квалитетни настапи на одлични џез-состави.