Фестивалот е единствен фестивал директно насочен кон етаблирање на комедијата во Македонија, а до денес се оформува и како фестивал со меѓународен карактер. 


Фестивалот има ревијален карактер и се одржува секоја година, во првата половина на месец февруари. Учество на фестивалот земаат професионалните театарски куќи од Македонија, меѓународни театарски институции, како и независни театарски продукции.

  

Во работата на Фестивалот како советодавно и стручно тело, работи Советот на Фестивалот. Во неговата работа учествувале (во различни периоди) повеќе еминентни театарски работници од Македонија.