Охридско лето се одржува секоја година во 12 јули - 20 август во Охрид. На фестивалот учествуваат уметници од целиот свет, нудејќи настани за сечиј вкус. Во магичната атмосфера на овој антички град се одржуваат бројни концерти, театарски претстави, поетски читања и балетски изведби.
 

  

Со својата долгогодишна традиција на манифестација со исклучително богата уметничка носивост, фестивалот Охридско лето во 2010 година кога ќе го одбележи својот голем јубилеј - 50 години постоење и ќе понуди исклучително богата уметничка програма, со настани кои се очекува да предизвикаат огромен интерес во јавноста и посебно кај љубителите на музичката, театарската и друг вид уметности.
 

  
 

Во изминативе 49 години, Охридско лето се потврди како една од најзначајните културни манифестации во Република Македонија, а паралелно со тоа успеа да го одржи и чекорот со европските и светските културни текови и се вброи во елитата на најголемите и најзначајни фестивали во светот, што го потврди и со членството во Асоцијацијата на елитните европски фестивали, каде е рамноправна членка веќе 15 години.


www.ohridskoleto.com.mk >>