Жителите на Растеш, Самоков и околните села од Македонски Брод, како и занаетчии од други краеви на Македонија ги претставуваат своите мајсторски изработки на традиционалниот Поречки панаѓур.
 


 

Манифестацијата ги претставува и афирмира природните и културните карактеристики на етничкиот предел Порече, како и културните карактеристики од другите краеви на Република Македонија. Целта на манифестацијата е да ги зачува и заживее традиционалните културни вредности на старите обичаи и занаети и да создаде основа за понатамошна афирмација и развој на етничкиот предел Порече.
 

  

Панаѓурот го организира Месната заедница на селото Растеш, во соработка со Македонското студентско етнолошко друштво и локалното население.