Шарпланинскиот куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски-центарот Попова Шапка на Шар Планина.
 

  

Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 година и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 година станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 година до 1986 козина е натпревар за Европскиот куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 година повторно се кандидира за Европскиот куп.
 

  
 

Сите првоосвоени три места добиваат парична награда, а додека на првоосвоеното место му се доделува и куче Шарпланинец, како симбол на планината и маскота на купот. Покровител на купот е претседателот на Република Македонија.

www.saracup.mk >>