Со околу 300.000 илјади посетители, фестивалот Пиволенд е дестинација на квалитетна забава и презентација на разновидни пивски производители, придружено со фантастична селекција на храна од локалните ресторани вклучени во проектот, анимација на посетителите со музика, продажба на ракотворби, уметнички креации и забавни настапи на артисти од Македонија и од европските земји: Италија, Франција, Англија, како и од соседните земји Албанија, Косово, Грција, Турција, Србија, Хрватска.


Со учество на околу 200 музичари, актери, костимирани карактери, фестивалот нуди многу забава и активности врзани со пивото, со што Скопје се здобива со инвентивна и енергична забава, која придонесува да се направи чекор напред за градот да има имиџ на европски град и да биде атрактивна туристичка дестинација за посетители од целиот свет.


Пиволенд има тенденција да стане најголем македонски фестивал на пиво со најголема селекција на разновидни пива и учество на минимум триесетина производители на пиво уште во првата година од одржувањето. Фестивалот традиционално се одржува на платото пред тврдината Кале во Скопје.


www.pivolend.com.mk >>