Баскерфест е интернационален фестивал на улични артисти и музичари, кој традиционално веќе пет години се одржува на повеќе локации во Скопје. Организатор на фестивалот е Пане Темов, познат куклар со интернационална кариера, а главен покровител е Градот Скопје. Баскерфест е слободен фестивал за целото семејство, на кој не се наплаќаат билети - единствената цена е преценетиот придонес во шапките на артистите. Со помош на вештината на едни од најдобрите улични артисти од целиот свет и од Македонија и забавата која тие ја нудат, Баскерфест се стекна со одлична репутација, не само во Скопје, туку и низ целата земја.

 



  

Целокупната магија и забава на фестивалот, чиј почеток секоја година е означен со традиционалната спектакуларна карневалска парада составена од голем број акробати, кловнови, комичари, одачи на штули, магионичари, жонглери, брејкери, куклари, карикатуристи, пантомимичари, национални танчари, музичари, надополнета со разновидни маски, костуми и музика, го прави овој фестивал посебен и интересен за секој граѓанин во земјава, без разлика на полот или возраста. Се надеваме дека овој фестивал ќе продолжи да биде стимулација на интеркултурната соработка и предуслов за богат културен и забавен живот.
 

        

Видеа од Баскерфест 2010 >