Вулкански бомби од пред 30 милиони години




 
Вулкански бомби - Lapili, со пречник до 80 сантиметри и тежина до 200 килограми, се природна реткост во Горно Кратово. Втиснати во карпите околу селото, горнократовските вулкански бомби претставуваат еден од најубавите природни мотиви, кои биле создадени во времето додека биле активни најголемите вулкани на Балканот. Слични такви вулкански топки има само уште во Злетовско, Италија и Бразил, но ја немаат формата на бомбите од Горно Кратово. Создадени се пред 20-30 милиони години, во времето кога еруптивната магма избивала на површина. Од вжештената лава, со температура од 1.000 степени, исфрлената течна маса се разладувала за време на летот и од неа се создавале тела со совршена форма на топка, познати како лапили.

 

Локалното население ги користело за изградба на куќи од камен и за преградување на водите, а денес најчесто како украс. До вулканските бомби во Горно Кратово, оддалечено 4,5 километри од градот, може да се дојде само пеш. Вулканските бомби сеуште се неоткриени тајни на богатото кратовско подрачје.