Лесновски кратер - македонска Етна



  

Лесновскиот кратер е прогласен за споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошки раритети во Република Македонија. Лесновскиот кратер ја претставува насочуваната и најкарактеристичната вулканска активност на Балканскиот полуостров.

Кратерот го опкружуваат ридови, кои формираат прекрасен природен амфитеатар, од кои веднаш над селото се издига најдоминантен Илински врв со надморска височина од 1127 метри. Посебен куриозитет претставуваат т.н. игинмбрити, кои ги нема никаде на друго место во светот на толку голема површина и во толку голема маса.
 

  

Пештерите во Лесновскиот кратер се настанати од човечка рака со повеќевековна изработка на далеку познатите лесновски воденички камења. Сместени се во непосредна близина на селото од двете страни на клисурестиот дел на Лесновската Река и претставуваат вистинска атракција за секој посетител.