Бања Банско и специјалитетот варено јајце во топлите извори
 


Термоминералните извори во Бања Банско биле познати уште во римско време, за што сведочат археолошките остатоци на старите римски терми. Во околината на Бањата се наоѓаат шума од липи и костени и бистри планински потоци. Папратот од македонското поднебје кој расте во околината на Бања Банско е заштитен од Обединетите Нации.
 

     
 

Климатските услови во Банско се многу погодни за психофизичка рекреација. Летата се свежи, бидејќи на Беласица снегот останува преку целата година. Зимите се благи поради топлите води кои го загреваат земјиштето. Бањата Банско е карактеристична по топлите минерални води со лековито својство. Базените со природна вода со топлина од 71 Целзиусов степен можат да се користат во хотелот „Цар Самуил“, каде може да се проба и јајце сварено во топлите извори, со специфичен вкус. Во Бања Банско вреди да се пробаат и вкусните домати, пиперки, бостан и друг зеленчук и овошје кои растат во овој крај.