Молика - специфичност на Балканот, симбол на Пелистер




Пелистер е најјужна планина на Балканот со алпски карактер. На високите врвови има снег дури и во јули - на некои места новиот снег само се заменува со ланскиот.

Особено значајно е присуството на петтоигличестиот бор Pinus peuce или народно познат кака молика - автохтон вид со терциерна старост кој расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров, а на планината Пелистер го достигнува својот еколошки оптимум во развојот. Расте од 35 до 40 м во височина, со пречник на трупот од 1,5 м.

Меѓу боровите се класифицира како бел бор и, како и сите борови, листовите („иглите'“ стојат во фасцикли (снопови) од пет, со менлива обвивка. Долги се од 6 до 11 cm. Шишарките на моликата имаат должина од 8 до 16 cm, а понекогаш достигнуваат и до 20 cm. Семињата се долги 6-7 mm со крилца од 2 cm, кои можат да летаат со ветрот, но нив најчесто ги разнесува птицата лешникарка.

  

Моликата е симбол на националниот парк Пелистер, каде се наоѓаат локалните ендеми Alchemilla peristerea и Sempervivum octopodes. Моликовите шуми се издвоени во две заедници: моликови шуми со папрат и моликови шуми со боровинка (Murtila Pinetum peuces).


Моликата е популарно украсно дрво по паркови и големи градини, со постојан и бавен раст на најразлични терени. Многу е отпорна на големи студови, најмалку до -45 °C, како и на ветер.