Пешна - пештера со најголем отвор на Балканот




Неколку километри од Македонски Брод, покрај патот за Самоков, од автомобил може да се види влезот на пештерата Пешна.

Според спелеолозите, Пешна има најголем влезен отвор на Балканот. Таваницата на отворот има висина од 30 метри. Нејзиниот влез е измерен со значителните димензии 16,8 х 52,4 м.

Пештерата Пешна во „Њујорк тајмс“ е опишана како идентична на измислените пештери во „Господарот на прстените“. Замокот изграден внатре во пештерата изгледа слично на Хелмс Дип од "Господарот на прстените".