Радика - река на два слива




Радика е полноводна река со чиста вода, во чија клисуресто-кањонеста долина, во непосредна близина на градот Дебар се наоѓаат најмасивни и најмоќни наслаги на гипс во Европа.

Како една од најубавите реки во нашата земја, Радика е омилен водотек за спортските риболовци и за сите оние кои сакаат чиста река.

Радика е единствена река - бифуркација во нашата земја, која дава вода на два слива - јадрански и егејски слив. Со канали, дел од водите се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а оттука со подземни тунели во Вардар.

По долината на оваа река се наоѓа еден од најубавите кањони на Балканскиот полуостров - клисурата Барич, чии страни вертикално се издигаат по неколку стотини метри.