Бигорскиот манастир и иконата на Јован Крстител




Според преданието, иконата на Св. Јован Крстител ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во XVI век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот, а иконата мистериозно исчезнала, за потоа уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на Свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година е обложена со сребрен оклоп. На иконата, Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека третата рака е благословна и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.
 

  

Според легендата, некој бег од Албанија во текот на XVI век дошол во манастирот на поклонение. Наредната година добил син и сиот свој имот му го подарил на манастирот. Ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот, зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска локалните жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.